93
Време
Ако сакате апаратот за леб да го вклучите нешто подоцна, со притиснување на копчето можете
да дотерате задоцнување на програмата за почетокот на печење.
Функција »Задоцнување на програмата« ќе дотерате во следниве чекори:
1. Изберите свое мени (програма, односно начин на печење) и боја и големина на векната.
2. Кога се одлучите кога да биде вашиот леб печен, притисните го копчето “TIME+” или
“TIME–”. Ве молиме да земете во обѕир дека е времето за печење вклучено во
задоцнување на програмата. Да речеме дека е часот 20.30, а вие сакате да е лебот печен
во 7.00 наредното утро, задоцнување на програмата е значи 10 часа и 30 минути.
Повеќепати едноподруго притисните го копчето “TIME+” или “TIME–”, додека на екранот
не се испише 10:30. При секое притиснување на копчето “TIME+” или “TIME–” дотераното
задоцнување се продолжува или скратува за 10 минути. Ако го притисните копчето
“TIME+” или “TIME–” и го држите 2 секунди, дотераното задоцнување ќе се продолжува,
односно скратува побрзо. Најдолго задоцнување на програмата е 13 часа.
3. Притисните го копчето "START/STOP", да активирате печење со задоцнување. На екранот
ќе бидат прикажани треперлива точка и одбројување на преостанатото време.
ЗАБЕЛЕШКА: Не употребувајте функција задоцнување на програмата кога печете со расипливи
состојки, како што се јајца,млеко, павлака или сирење.
ОДРЖУВАЊЕ НА ТОПЛО
Леб можете автоматски да чувате на топло еден час по завршеното печење. Ако сакате лебот
за време чување на топло да го извадите од апаратот, пред тоа исклучите ја програмата со
притиснување на копчето START/STOP.
ЗАБЕЛЕШКА: Програмите Тесто (dough) и Мармелада (JAM) немаат функција одржување на
топло.
СПОМЕН
Ако за време изведување на програмата за печење леб дојде до пречки во електричната
инсталација, програмата автоматски ќе почне да се изведува најпрвин по 10 минути, и ако
копчето “START/STOP” не го притисниме. Ако пречката трае подолго од 10 минути, избраната
програма нема да се зачува во споменот. Во овој случај отстраните ги состојките од садот за
леб, во него сипете нови и повторно вклучите го апаратот. Ако пречката се случи пред да почне
тестото да нараснува, едноставно повторно притисните го копчето “START/STOP” и програмата
ќе почне да се изведува од почетокот.
СОБНА ТЕМПЕРАТУРА
Апаратот за печење леб добро работи во широк температурен распон, меѓутоа можна е разлика
во големината на векната во многу ладна или многу топла соба. Препорачуваме да е собната
температура, во која е апаратот, меѓу 15 и 34
o
C.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЕКРАНОТ:
1. Ако по притиснување на копчето START/STOP на покажувачот пише “H HH”,
температурата во садот е превисока, а ќе слушнете 5 писоци. Во овој случај запрете ја
програмата. Отворите го капакот и почекајте 10 до 20 минути, апаратот да се олади.
Апаратот наместите го во околина со пониска собна температура.
2. Ако по притиснување на копчето “START/STOP” на покажувачот пише “L LL”,
температурата во садот за печење леб е прениска, а ќе слушнете 5 писоци. Апаратот
наместите го во околина со повисока собна температура.
3. Ако по притиснување на копчето START/STOP на покажувачот пише “E E0” или “E E1”, тоа
значи дека сензорот за температура не работи добро. Во овој случај ве молиме сензорот
за темпераатура да го прегледа овластен сервисер.