MK
32
EVIDENCE 3 PLUS СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТЕРМОСТАТ
Вовед
Thermor, вистински пионер во термичкиот
комфор е позната француска марка со долга
историја во електричното греење и системите за
греење вода. Thermor комбинира иновации,
најсовремени технологии и врвен дизајн. Денес,
може да ги искористите 80 години стручност на
Thermor со најновите иновации во однос на
енергијата, паметните функции и дизајнот. За
повеќе информации за Thermor одете на:
www.thermor-heating.com.
Инсталација
За инсталација, погледнете ја
табличката со натпис на
производот и прирачникот дел
1/2: напис U0621980. Моделот
CMG-BD0/M може да го
инсталирате и во пренослива
(мобилна) и во фиксна верзија.
Моделите CMG-BD0, CMG-
BD0/PR и CMG-BD0/PW може да
ги инсталирате само во фиксна
верзија.
ПРВО ВКЛУЧУВАЊЕ
Прекинувачот за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
се наоѓа на задната страна на контролната
единица.
- За да го вклучите уредот, поставете го копчето
за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ во позиција «I».
Кога ќе го вклучите уредот за првпат, работниот
режим е Comfort (стандардно, температурата на
греење е 19°C).
- За да го исклучите уредот, поставете го копчето
за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ во позиција «0».
Користете го ова копче само за да го
исклучите греењето на подолг период (вон
грејна сезона).
КОНТРОЛНА ЕДИНИЦА
❶ - Comfort режим
❷ - ECO режим
❸ - PROG режим
❹ - Поставки
❺ - Избор на режим / Потврди / Врати се
(притиснете и задржете)
❻ - Индикатор за греење
❼ - Екран (индикатор)
❽ - Зголеми
❾ - Заклучи / отклучи (притиснете и задржете на
2-те копчиња)
❿ - Намали
РЕЖИМИ НА ГРЕЕЊЕ
Има 3 режими на греење:
Comfort режим – Ви овозможува
да поставите и нагодите комфорна
температура (оваа температура се
применува и во фазата Comfort во Prog режимот).
Eco режим – Ви овозможува да
поставите и нагодите Eco
температура (оваа температура се
применува и во фазата Eco во Prog режимот).
Prog режим – Уредот ги следи
претходно поставените програми
за секој ден од неделата. Може да
ги промените овие програми и да го промените
времето за фазите Comfort, Eco или загревање.
Забелешка: во Prog режимот, уредот
автоматски ќе побара да го поставите
времето и денот од неделата, ако не се претходно
поставени.
РЕГУЛАЦИЈА НА ТЕМПЕРАТУРА
Во Comfort режим – Притиснете на копчето
додека да се вклучи индикаторот под иконата .
На екранот е прикажана последната поставена
вредност на температурата во Comfort режим
(стандардно 19°C). Вредноста на температурата
може да се регулира од 12°C до 28°C со
зголемување од 0,5°C со помош на копчињата
и .
Во случај на подолго отсуство, може да ја
поставите температурата на 7°C (температура
за заштита од замрзнување).
Во Eco режим – Притиснете на копчето
додека да се вклучи индикаторот под иконата
. На екранот е прикажана последната
поставена вредност на температурата во Eco
режим (стандардно 15,5°C). Вредноста на
температурата може да се регулира од 10°C до
19°C со зголемување од 0,5°C со помош на
копчињата и . Максималната вредност на
Eco температурата е ограничена (2°C помалку од
Comfort температурата).
Во случај на подолго отсуство, може да ја
поставите температурата на 7°C (температура
за заштита од замрзнување).
Во Prog режим – Притиснете на копчето
додека да се вклучи индикаторот под иконата
. Не може да се менува вредноста на
температурата во овој режим. Користете ги
копчињата и да го видите режимот на
уредот. Ако на екранот се појави:
– Уредот го следи поставувањето на
температурата во режимот Comfort. За да ја
промените Comfort температурата, одете во
режимот Comfort.
– Уредот го следи поставувањето на
температурата во режимот Eco. За да ја промените
Eco температурата, одете во режимот Eco.
– Уредот не грее (можно е само во режимот
Prog).