608609
145
Zoom out
Zoom in
Previous page
1/176
Next page
БЕЗБЕДНОСНИ РЕГУЛАТИВИ
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте
се со командите и правилното користење на косачката.
Научете како брзо да го сопрете моторот.
2) Употребувајте ја косачката само за она за што е
наменета, односно за косење и собирање на
тревата. Било каква друга употреба може да биде
опасна и да предизвика оштетување на машината. Се
отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но
не се ограничува на следното):
превоз на деца или животни врз машината,
транспорт на машината,
употреба на машината за влечење или буткање
товар,
употреба на машината за собирање лисја или гранки,
употреба на машината за порамнување огради или за
сечење вегетација што не е трева,
употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
– вклучување на сечивото врз терени на кои нема
трева.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги
познаваат овие упатства да ја употребуваат косачката.
Можно е да постојат локални законски прописи во
поглед на возраста на корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други
лица, деца или домашни животни и миленици;
ако корисникот е под дејство на лекарства или други
супстанции кои можат да влијаат на неговата
способност за брзо реагирање и концентрација.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот.
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и
издржливи обувки. Немојте да работите со трево-
косачката босоноги или во отворени сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја
употребите тревокосачката и отстранете ги сите
објекти кои таа би можела да ги исфрли (камења,
стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно
запалливо:
–Горивото складирајте го во садови специјално изра-
ботени за таа намена.
Турајте гориво со инка и секогаш на отворено.
Немојте да пушите додека туривате гориво или
ракувате со горивото.
Турете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш
немојте да го отворате капачето на резервоарот или
да дополнувате со гориво додека моторот работи
или е уште загреан.
Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот,
туку прво отстранете ја косачката од местото на
истурање и избегнувајте палење на оган додека не
испари целото истурено гориво.
Докрај затворајте го капачето на резервоарот и
садовите со гориво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно
прегледајте ја косачката, посебно ножот, и
проверете дали сите завртрки и целиот склоп на
В) ПОДГОТОВКА
А) ОБУКА
ножот е неоштетен или истрошен. Истрошените или
оштетени ножеви и завртки менувајте ги во комплети,
за да се зачува балансот.
6) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните
отвори (зафаќачот на откос или дефлекторот).
1) Немојте да го палите моторот и да работите со
косачката во ограден или затворен простор каде може
да се соберат опасните јаглерод-моноксидни гасови.
2) Косете само дење или при добро вештачко
осветление.
3) Избегнувајте употреба на косачката на влажна
трева, ако е можно.
4) Внимателно движете со по косини.
5) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве
влече.
6) На косини косете вдолж наклонот, никогаш попреку
(нагоре-надолу).
7) При менување на насоката и правецот на движење
на косини бидете посебно внимателни.
8) Немојте да косите на наклони поголеми од 20°.
9) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете
посебно внимателни.
10) Кога косачката треба да ја пренесете преку
површина која не е под трева, или додека ја носите до
површината која треба да се коси, запрете до ножот.
11) Немојте да ја користите косачката со неисправни
штитници, или без штитници.
12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да
го користите при превисоки вртежи.
13) На моделите со погонски тркала исклучете го
погонот пред да го стартувате моторот.
14) Моторот стартувајте го според упатствата и оси-
гурете се дека нозете се на сигурна оддалеченост од
ножот.
15) Кога го стартувате моторот немојте да ја
навалувате косачката.
Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки
и висока трева.
16) Не ги приближувајте рацете или ноуете до или
под подвижните делови на косачката. Секогаш
држете се настрана од отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите
косачката ако моторот работи.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на
свеќичката:
пред да пристапите кон било каква работа под
платформата на ножот или отворот за исфрлање;
пред проверка, чистење или работа на
тревокосачката;
по удар во непознат предмет. Проверете дали
тревокосачката е оштетена и поправете ја пред да
продолжите со работа;
ако тревокосачката започне да вибрира на
ненормален начин (веднаш побарајте ја причината за
вибрациите и однесете ја за неопходни проверки во
специјализиран сервис).
19) Запрете го моторот:
кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од
моделите со електричен стартер извадете го клучот;
пред дополнување со гориво;
секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за
трева;
пред регулирање на височината на косење.
20) При гаснење на моторот, прво намалете ги
вртежите, а по гаснењето и по завршување со работа
затворајте ја славинката на доводот за гориво.
С) КОРИСТЕЊЕ
139
МАКЕДОНСКИ
MK MK
145


Need help? Post your question in this forum.

Forumrules


Report abuse

Libble takes abuse of its services very seriously. We're committed to dealing with such abuse according to the laws in your country of residence. When you submit a report, we'll investigate it and take the appropriate action. We'll get back to you only if we require additional details or have more information to share.

Product:

For example, Anti-Semitic content, racist content, or material that could result in a violent physical act.

For example, a credit card number, a personal identification number, or an unlisted home address. Note that email addresses and full names are not considered private information.

Forumrules

To achieve meaningful questions, we apply the following rules:

Register

Register getting emails for Stiga TU 504 Series at:


You will receive an email to register for one or both of the options.


Get your user manual by e-mail

Enter your email address to receive the manual of Stiga TU 504 Series in the language / languages: All languages as an attachment in your email.

The manual is 2,61 mb in size.

 

You will receive the manual in your email within minutes. If you have not received an email, then probably have entered the wrong email address or your mailbox is too full. In addition, it may be that your ISP may have a maximum size for emails to receive.

The manual is sent by email. Check your email

If you have not received an email with the manual within fifteen minutes, it may be that you have a entered a wrong email address or that your ISP has set a maximum size to receive email that is smaller than the size of the manual.

The email address you have provided is not correct.

Please check the email address and correct it.

Your question is posted on this page

Would you like to receive an email when new answers and questions are posted? Please enter your email address.



Info