758058
46
Zoom out
Zoom in
Previous page
1/92
Next page
Не ставајте метални предмети врз површината на лежиштето за безжично полнење, бидејќи тоа може да предизвика загревање и дефект
на опремата. Користете само лежиште за безжично полнење во околини со амбиентална температура од 0°C до 45°C.
Ако амбиенталната температура е превисока, можно е безжичниот полнач да престане да работи. Ако тоа се случи, се препорачува да
престанете со безжичното полнење.
За да го одржувате безжичниот полнач во добра состојба, избегнувајте да го користите во возило.
Се препорачува надзор од возрасно лице ако овој производ го користат деца или доаѓаат во контакт со него.
Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени установи. Целта на овие
барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на
услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за напојување е вклучен во лесно достапен штекер во близина на уредот. Исклучете го
полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим“, тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од Додаток Q од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според
националните или локалните стандарди.
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да го
оштетат уредот.
Малку разлабавете го ремчето во текот на денот за да овозможите дишење на кожата. Ако почувствувате неудобност додека го носите
уредот за носење, извадете го уредот и оставете го зглобот да се одмори. Ако сѐ уште чувствувате неудобност, извадете го уредот за
носење и консултирајте се со доктор што е можно побрзо. Исто така, може да купите ремчиња направени од други материјали и со разни
дизајни од официјалната веб-локација на Huawei.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот со пречкртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивниот работен век. Тие не смеат
да се фрлаат во нормалниот отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место
или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните
закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) ќе
се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување,
случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и
околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на опасните супстанции
Овој уред и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на
одредени опасни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде
што се вклучени). За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/certication.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Барања за изложување на радиофреквенции
Како што е препорачано со меѓународните упатства, уредот е направен да не ги надминува ограничувањата на Европската комисија за
изложување на радиобранови.
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg на 10 грама ткиво. Уредот е во согласност со спецификациите за
радиофреквенции кога се носи на зглобот и на растојание од 1,0 cm од лицето.
Највисока пријавена вредност на SAR:
GLL-AL04 SAR на глава: 0,33 W/kg.
GLL-AL01 SAR на глава: 0,25 W/kg.
Кога го полните уредот, уверете се дека е оддалечен 20 cm од телото.
Изјава
Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред GLL-AL04/GLL-AL01 е во согласност со неопходните барања и другите
релевантни одредби од Директивата 2014/53/ЕУ. 44
46


Need help? Post your question in this forum.

Forumrules


Report abuse

Libble takes abuse of its services very seriously. We're committed to dealing with such abuse according to the laws in your country of residence. When you submit a report, we'll investigate it and take the appropriate action. We'll get back to you only if we require additional details or have more information to share.

Product:

For example, Anti-Semitic content, racist content, or material that could result in a violent physical act.

For example, a credit card number, a personal identification number, or an unlisted home address. Note that email addresses and full names are not considered private information.

Forumrules

To achieve meaningful questions, we apply the following rules:

Register

Register getting emails for Huawei Watch 3 - GLL-AL04 at:


You will receive an email to register for one or both of the options.


Get your user manual by e-mail

Enter your email address to receive the manual of Huawei Watch 3 - GLL-AL04 in the language / languages: All languages as an attachment in your email.

The manual is 3,14 mb in size.

 

You will receive the manual in your email within minutes. If you have not received an email, then probably have entered the wrong email address or your mailbox is too full. In addition, it may be that your ISP may have a maximum size for emails to receive.

Others manual(s) of Huawei Watch 3 - GLL-AL04

Huawei Watch 3 - GLL-AL04 User Manual - English - 42 pages

Huawei Watch 3 - GLL-AL04 User Manual - German - 46 pages

Huawei Watch 3 - GLL-AL04 User Manual - Dutch - 42 pages


The manual is sent by email. Check your email

If you have not received an email with the manual within fifteen minutes, it may be that you have a entered a wrong email address or that your ISP has set a maximum size to receive email that is smaller than the size of the manual.

The email address you have provided is not correct.

Please check the email address and correct it.

Your question is posted on this page

Would you like to receive an email when new answers and questions are posted? Please enter your email address.



Info