10
• Деца не смеат да си играат со апаратот.
• Деца не смеат да го чистат и да го
одржуваат апаратот доколку не се
постари од 8 години и под надзор.
Овој апарат е означен согласно со
Европската директива 2012/19/ЕУ за
Отпад од електрична или електронска
опрема (WEEE).
Ова упатство претставува рамка која
важи во цела Европа во поглед на
враќање и рециклирање на отпад од
електрична или електронска опрема.
По употребата
Исклучете го апаратот и извадете го струјниот
кабел од штекерот пред да го оставите апаратот
без надзор или пред менување, чистење или
проверка на деловите на апаратот.
Кога не е во употреба, апаратот треба да се чува
на суво место. Деца не треба да имаат пристап
до апаратите ставени на страна.
Проверки и поправки
Пред употреба, проверете дали апаратот е
оштетен или дали има дефектни делови.
Проверете да не е скршен некој дел, да не се
оштетени прекинувачите или апаратот да не е во
состојба која може да влијае врз неговото
работење.
Не употребувајте го апаратот доколку некој дел е
оштетен или дефектен.
Пред употреба, проверете дали на струјниот
кабел им знаци на оштетеност, застареност или
изабеност.
Не употребувајте го апаратот доколку струјниот
кабел или штекерот се оштетени или дефектни.
Не обидувајте се да извадите или да замените
некој дел освен оние кои се наведени во ова
упатство.
СКЛОПУВАЊЕ
Пред да го склопите, проверете дали апаратот
е исклучен и дали струјниот кабел е изваден од
штекер.
Избирање маталки, маталки за
тесто или блендер
Маталките користете ги за мешање, матење и
правење креми од течности и смеси.
Маталките за тесто користете ги за мешање и
месење тесто.
Блендерот користете го за блендирање.
Прикачување на маталките или
маталките за тесто
• Исклучете го апаратот.
• Ставете ја дршката на маталката во една од
дупките за прикачување на делот со моторот.
• Притиснете ја маталката и завртете ја за да
легне на место.
• Повторете ја постапката и за другата маталка.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
!!!Пред чистење и одржување, исклучете ги
апаратите и извадете го струјниот кабел од
штекерот.
• Измијте ги маталките, маталките за тесто и
блендерот со топла вода со сапун и добро
исушете ги.
• Избришете го делот со моторот со сува крпа.
Не употребувајте средства за чистење
коишто се абразивни или содржат
растворувач.
Не потопувајте го делот со моторот во вода
или во друга течност.
Животна средина
Не фрлајте го апаратот заедно со другиот
отпад од домаќинството по истекот на неговиот
корисен век, туку предајте го во официјално
место за собирање заради рециклирање. Со
тоа, помагате да се зачува животната средина.
Гаранција и сервисирање
Доколку ви се потребни информации или имате
проблем, Ве молиме обратете се до Центарот
за грижа за корисници на Горење во вашата
земја (телефонскиот број може да го најдете на
гарантниот лист за целиот свет). Доколку во
Вашата земја нема Центар за грижа за
корисници, обратете се до локалниот дилер на
Горење или до Службата за сервисирање на
апарати за домаќинството на Горење.
Само за лична употреба!
ГОРЕЊЕ
ВИ ПОСАКУВА МНОГУ
ЗАДОВОЛСТВО ВО КОРИСТЕЊЕТО
НА АПАРАТОТ
Го задржуваме правото на измени!