463265
61
Zoom out
Zoom in
Previous page
1/64
Next page
54 55
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на
допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да
навлезат низ тенка облека и/или во кожата.
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од обработуваното
парче да не дојдат во контакт со вас.
При расцепување на камен мора да биде користена подлошка
водилка!
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се
почне со работа со машината.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку не е
доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го
насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови,
внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални
остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде
сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот
ја расипе машината мора да биде пратена.
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто
тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е
доволно долга за да ја прифати должината на вретеното.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од
програмата за прибор.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ е
во сообразност со следните стандарди и стандардизирани
документи. EN 60745, EN 55014-1, EN 55014-2, EN 61000-3-2,
EN 61000-3-3, и е во согласност со прописите 98/37/EC,
2004/108/EC
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Winnenden, 2009-07-27
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка се употребува за делење и брусење со
гребење (грубо гребење) на голем број материјали како на
пример на метал или камен, како и за мазнење на подлоги за
мазнење на пластика и за работа со четка со челична жица.
Во секој случај почитувајте ги упатствата на производителите
на приборот.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот
напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување
на приклучок без заземјување доколку изведбата
соодветствува на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: AEG
Elektrowerkzeuge, Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden,
Germany.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
(WS24-180E, WS24-230E, WS24-230EGVX)
Машините со аретирачки прекинувач се опремени со заштита
од повторно придвижување. Таа заштита спречува да дојде до
повторно придвижување на машината по снемување струја.
Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја
машината и потоа вклучете ја повторно.
ОГРАНИЧУВАЧ НА СТАРТНАТА СТРУЈА-КОЛО
Стартната струја за машината е неколку пати повисока
просечната струја. Ограничувачот на стартната струја
произведува почетна струја до таква мера што осигурувачот
(16А, спор-...) не се вклучува.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш носете ракавици кога ја користите
машината.
Секогаш пред спроведување на каков и да е зафат
врз машината исклучете го кабелот од
приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива
2002/96/EC за одлагање на електична и
електронска опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните апарати кои го
достигнале крајот на својот животен век мора да
бидат одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на
којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите
контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може
да предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како
на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн.
Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно
стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на
дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да
можете да имате максимална можна контрола над силите
од повратниот удар или на моментите на реакција при
пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-
алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот
удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката
на движење на дискот за брусење на местото за спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е
склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на
контролата или повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што
се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната
капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати
за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не
можат да бидат доволно заштитени и се несигурни.
б) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на
електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се
постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи
најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот
од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.
в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример:
никогаш не брусење со страничната површина од диск за
делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување
на материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила
врз овие тела за брусење може да ги скрши истите.
г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат
дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од
кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за
делење можат да се разликуваат од фланшите за други
дискови за брусење.
д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи
кај помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за
делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на
повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да
се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба на
мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да
дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар
како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на
својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за
делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови“ кај
ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во
гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат
да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица:
МАКЕДОНСКИ
61


Need help? Post your question in this forum.

Forumrules


Report abuse

Libble takes abuse of its services very seriously. We're committed to dealing with such abuse according to the laws in your country of residence. When you submit a report, we'll investigate it and take the appropriate action. We'll get back to you only if we require additional details or have more information to share.

Product:

For example, Anti-Semitic content, racist content, or material that could result in a violent physical act.

For example, a credit card number, a personal identification number, or an unlisted home address. Note that email addresses and full names are not considered private information.

Forumrules

To achieve meaningful questions, we apply the following rules:

Register

Register getting emails for AEG WS 24-230 E at:


You will receive an email to register for one or both of the options.


Get your user manual by e-mail

Enter your email address to receive the manual of AEG WS 24-230 E in the language / languages: English, German, Dutch, Danish, French, Italian, Polish, Portuguese, Swedish, Turkish, Spanish, Norwegian, Finnish as an attachment in your email.

The manual is 3,37 mb in size.

 

You will receive the manual in your email within minutes. If you have not received an email, then probably have entered the wrong email address or your mailbox is too full. In addition, it may be that your ISP may have a maximum size for emails to receive.

The manual is sent by email. Check your email

If you have not received an email with the manual within fifteen minutes, it may be that you have a entered a wrong email address or that your ISP has set a maximum size to receive email that is smaller than the size of the manual.

The email address you have provided is not correct.

Please check the email address and correct it.

Your question is posted on this page

Would you like to receive an email when new answers and questions are posted? Please enter your email address.



Info